Серија од седум земјотреси синоќа го тресеа Охридскиот регион

- Локални
1260

Серија од седум нови земјотреси го потресе Охридскиот регион измината ноќ. Најсилниот со магнитуда од 3,7 степени според Рихер е регистриран изутринава во 07:18 часот.

Две минути пред овој земјотрес е евидентиран уште еден со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

Преостанатите пет земјотреси се случија во 1:07 часот по полноќ со манитуда од 3,3 степени, во 2:52 часот (2 степена), во 3:07 часот (2,2 степени) во 4:32 часот (3,1 степен) и во 6:54 со магнитуда од 2,8 степени.

Епицентарот на сите земјотреси бил во охридското епицентрално подрачје.

Од 18-ти јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.

извор: А1он

Facebook Коментари