Драматична ноќ за Охриѓани – тлото продолжува да се тресе

- Локални
846

Нова серија од неколку земјотреси синоќа ги исплаши охриѓани и ги остави будни.Најсилен беше земјотресот со јачина од 4.2 степени според Евроската макросеизмичка скала, а се случи во 00:04 часот.

Серијата потреси продолжија со следниот земјотрес во 00:37 часот со јачина од 2.7 степени, а по кратко време, во 00:54 часот  беше регистриран земјотрес со јачина од од 3.7 степени.Неколку последователни потреси беа регистрирани и во периодот од 01:02 до 01: 10 часот, со јачина околу 3 степени.

Потресите во Охридско- Преспанскиот регион започнаа на 18-ти јуни, и од тогаш тлото никако да се смири. Граѓаните на Охрид и бројните туристи се вознемирени и исплашени бидејќи се работи за потреси кои се случуваат секојдневно, нивната последователност влијае на психолошкиот момент на сите кои моментално престојуваат во Охрид.

Извор: ОхридПрес\Strugaonline

Facebook Коментари