Време – сончево и топло со максимални температури до 39 степени

- Македонија
870

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен  јужен ветер. Попладне, во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.УВ индексот ќе има вредност 9. Дневната температура ќе се движи од 30 до 39 степени. И во текот на следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време, најтопло се очекува да биде во среда кога максималната температура ќе достигне до 41 степен.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари