Рождество Христово, католички Божиќ
Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Божиќ, Денот на Христовото раѓање.

Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.
Божиќ денес го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.
Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.
Католичките верници денеска ги отвораат вратите на своите домови за гости, а ги отвораат и срцата. Радост ги исполнува домовите. Исчистените и украсените домови ги осветлуваат четирите адвентски свеќи. По една се пали на ручекот, секоја недела до Божиќ.
StrugaOnline

