Лев банер Десен банер

Стружанката Мелиса Димитриоски прогласена за најдобра атлетичарка за 2025 година

Атлетската Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите атлетичари и атлетичарки за 2025 година.

Меѓу најдобрите беше и стружанката Мелиса Димитриоски, која беше избрана за најдобра спортистка за 2025 година, во младинска категорија (У20).

Мелиса Димитриоски е членка на Атлетскиот клуб „Дрини старт“ од Струга, државен шампион во дисциплината 100 метри и второпласирана во трката на 200 метри.

Наградите ги врачија деканот на факултетот за физичко образование, спорт и здравје професор Д-р Владко Неделковски, професорот по атлетика професор Д-р Александар Симеонов, потпретседателите на федерацијата Филип Колевски и Алим Хајредини, како и претседателката на федерацијата Александра Војнеска Зикова.

StrugaOnline

error: