Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Приведено 20 годишно лице-фрлило пакување со марихуана кога ја забележало полицијата, недозволено тргување со оружје…

На 24.12.2025 во 03:00 часот на улица „Сирма Војвода” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа С.И.(20) од Охрид. Тој,  откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со марихуана , кое е најдено и одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во домот и помошните простории на пријавениот, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 13 куршуми со различен калибар кои, нелегално ги поседувал по што, беше лишен од слобода, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: