Лев банер Десен банер

Утре Струга ќе биде домаќин на третото издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2025“

Младинската Шаховска Школа „СТРУГА“ во соработка со Шаховската Школа „Ласкер“ од Охрид го организираат третото издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2025“.

Турнирот ќе се одржи на утре, 28.12.2025 (недела) со почеток во 10:00 час во хотелот Дрим во Струга и на него свое учество ќе земат деца од Струга и Охрид, но се очекуваат деца и од другите градови од Македонија, како и учесници од соседните земји. Турнирот е дел од традиционалниот турнир „Езерска Кралица“ кој оваа година се одржува по 6 пат.

Турнирот е поделен во 4-ри категорни групи и тоа:
– Деца на возраст до 08 год,
– Деца на возраст до 10 год,
– Деца на возраст до 12 год,
– Деца на возраст до 16 год.

Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5, момчињата и девојчињата ќе играат во исти групи, но наградите за освоени места ќе се даваат одделно.

-Со овој турнир практично ги завршуваме турнирите на „Езерска Кралица“ за 2025 год. Горд сум што поставивме некој стандарди во организација на младински турнири во Македонија. Турнирите на Езерска Кралица веќе се препознатлив бренд во регионот и пошироко а доказ за тоа е што оваа година на овој турнир имаме играчи од 4 Шаховски федерации. Ги покануваме си младинци од Македонија претставници на Шаховските клубови да земат учество на овој настан, а вооедно ги покануваме сите љубители на шаховската игра да го посетат настанот вели Ѓоко Котески од Шаховската школа Струга.

StrugaOnline

error: