„Да се работи 40 години во болница или здравствена установа, во непосредна грижа за пациентите, е повеќе од професија – тоа е хуманост, посветеност, одговорност и љубов кон човекот, тоа е цел еден живот ставен во служба на пациентите и на целото население„, велат од ЈЗУ „Нефрологија“ Струга.
Дел од вработените во ЈЗУ „Нефрологија“ Струга беа одликувани со благодарници за 40 години работа и континуиран придонес во оваа институција.
-Овие професионалци се вистински пример за етика, трпеливост и посветеност во здравствената дејност, посочуваат од ЈЗУ „Нефрологија“ Струга.
-Посакуваме вашата работа, вредности и пример да бидат инспирација за идните генерации и за секој млад здравствен работник, додаваат на крај од ЈЗУ „Нефрологија“ Струга.
StrugaOnline