Во сабота е последната проба за Бадниковата поворка во Струга
Во сабота е последната проба и работилница за ѕвезди за Бадниковата поворка во Струга.

Последната проба за вежбање на песничката и работилниците за Божиќни ѕвезди ќе се одржи во сабота, 3 јануари 2026 година во 12:00 часот во црковната трпезарија при Соборниот храм Свети Ѓорѓи во Струга.
Минатата година околу 600 дечиња низ струшките улици го најавија раѓањето на Богомладенецот, ечеше градот со песничката „Вечниот Бог“.

– Ги замолуваме сите дечиња што сакаат да учествуваат во поворката да доаѓаат и на пробите за да бидат сите синхронизирани во пеењето на песничката. Раѓањето Христово е еден од најголемите христијански празници и е од суштинско значење бидејќи ако не се родеше Христос немаше ни преку кого да ни дојде спасението. Затоа децата се баш тие ангели предвесници и важно е да го слават Рождештвото, затоа впрочем се организира поворката. Повелете дечиња сите сте поканети да одиме да пееме, да се радуваме, исто и возрасните, зошто во секое срце се чувствува радоста Христова. Благослов е да се учествува во овој голем настан. Се гледаме во сабота во 12:00 часот. – вели за Strugaonline Лидија Николовска од „Бадникови поворки Струга“.
StrugaOnline

