Полицијата приведе лице од Франгово, во негов продажен објект пронајдени 23.838 парчиња пиротехника
На 29.12.2025 во 17:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.Г.(32) од с.Франгово, струшко. При извршен преглед во неговиот продажен објект, пронајдени и одземени се вкупно 23.838 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

