Билтен за Охрид: Физички напад, пожар во стан, бесправна сеча на буково дрво….
На 30.12.2025 во 02:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 00:30 часот на кеј „Македонија” во Охрид, по претходно недоразбирање, А.Т. и Т.Т. од Охрид физички го нападнале Б.В.(23) од селото Луково, струшко. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.12.2025 во 19:47 часот, на улицата „7 Ноември” во Охрид настанал пожар во стан, сопственост на Љ.Т.(67) од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Извршен е увид.
На 29.12.2025 во 10:20 часот во атар на селото Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода А.И.(36) и А.И.(30), двајцата од струшкото село Делогожда. Тие се затекнати како со моторна пила вршат бесправна сеча на буково дрво и кое го товарале во патничко возило „нисан” без регистарски ознаки. Возилото и дрвната маса се одземени и предадени на ЈП „Национални шуми”, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична против Ј.А.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама” по член 278 од Кривичниот законик. На 15.12.2025 во близина на с.Подмољје, општина Дебрца, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи сопреле товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, со кое Ј.А. вршел нелегален транспорт на поголема количина теписи и стази, по што беше лишен од слобода. Пронајдената стока, е предадена на Државниот пазарен инспекторат од Охрид за натамошна постапка, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

