Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево и многу топло време со слаб ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе се движи во интервал од 31 до 41 степен, а УВ индексот ќе има вредност 9. Во четврток максималната температура се очекува да го достигне 39-от степен, а освежување со максимални 35 степени се очекува од петок и во текот на викендот.
Извор: УХМР
Facebook Коментари