Лев банер Десен банер

Ова е редоследот на богослужби во Парохија Вранишка за Бадник и Божиќ

Ова е редоследот на богослужби во Парохија Вранишка за Бадник и Божиќ, на 6 јануари (вторник) – Бадник, во Црквата Св. Никола ќе се отслужи богослужба со почеток во 08:00 часот.

По завршувањето на богослужбата, во 09:00 часот, ќе тргне Бадниковата поворка со дечињата низ селото Враништа, по минатогодишниот востановен редослед.

-Ги повикуваме сите дечиња од с. Враништа да дојдат во храмот и со радост да бидат дел од оваа убава и благословена традиција, велат од Парохијата Вранишка.

На 7 јануари (среда) – Рождество Христово ќе има Божиќ богослужба и Света Причест со почеток во 08:30 часот.

StrugaOnline

error: