Лев банер Десен банер

Денеска голем број на верници одат во манастирот Св. Наум во Охрид

Празничниот ден посветен на Великиот светец, традиционално и оваа година голем број на верници одат во манастирскиот комплекс Св. Наум во Охрид.

Свети Наум Охридски Чудотворец, бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта.

По завршувањето на Моравската мисија, заминал во Велики Преслав, а оттука во Охрид, каде му се приклучил на Св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.

StrugaOnline

error: