Лев банер Десен банер

(ФОТО): Традиционално со Бадникова поворка дечињата во Струга го навестија Христовото раѓање

Годинава во Струга продолжи традицијата со одржување на Бадниковата поворка.

Врнежливото време не ги поколеба околу 600 дечиња да излезат и да го најават Христовото раѓање.

Дечињата од Струга и Струшко го навестија Христовото раѓање. Тие ја пееа Божиќната песна „Вечниот Бог“ и ја доживеаа убавата духовна енергија и Божјата благодат.

Во 11:00 часот носејќи ја Бадниковата пештера од Соборниот храм „Свети Ѓорги“ тргнаа низ струшките улици, а после прошетката низ градот.

„Струга наша најуба денес блесна во полн сјај, блесна со ѕвездите и ангелските гласови на околу 600 дечиња учесници во Бадниковата поворка, ечеше градот од „Вечниот Бог“. Традиционално како и секоја година и оваа се одржа поворката. Спремни се душите наши за пречек на Христос. Спремни сме за Божиќ.

Ви благодариме дечиња, ви благодариме баби, дедовци, родители што го разубавивте овој величествен настан. Се гледаме до година здрави живи. Ви благодарам и јас од се’ срце, со сите околу мене што секоја година се трудат да помогнат да биде се поубава и поубава Поворката. За многу години Христос се роди,“ изјави за strugaonline организаторот Лидија Николовска.

Извор и фото: Strugaonline

error: