На официјалната веб-страна на Општина Струга додадена е нова опција за пријавување на проблеми
Од Општина Струга ги информираат граѓаните дека на официјалната веб-страница на општината е додадена нова опција за пријавување на проблеми.
Преку оваа услуга, секој граѓанин има можност лесно да пријави проблеми со кои се соочува во заедницата, како што се инфраструктура, јавно осветлување, хигиена и чистота, јавен ред и безбедност, како и други прашања од јавен интерес.Пријавувањето на проблемите овозможува побрза и поефикасна реакција од страна на општинските служби и придонесува кон создавање на подобра, побезбедна и пофункционална заедница за сите.
Од Општина Струга ги повикуваме граѓание активно да ја користат оваа можност и да придонесат за подобрување на квалитетот на живот во нашиот град.
Пријавувањата можете да го направите на овој линк: https://report.struga.gov.mk/
StrugaOnline
