Лев банер Десен банер

Институционална соработка за побрзи услуги за корисниците на социјална помош во Струга

Во просториите на Центарот за социјална работа во Струга денеска се одржа работна средба со Сузана Спироска, раководителка на Подрачната единица Струга при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.

Целта на средбата како што велат беше унапредување на координацијата и институционалната соработка во врска со издавањето потврди за договорите за користење земјоделско земјиште во сопственост на државата, кои се неопходни за корисниците на социјална помош.

Со цел олеснување на административните постапки и намалување на товарот за граѓаните, беше договорено потребните потврди да се обезбедуваат по службена должност, преку надлежните институции, во електронска форма, без потреба корисниците лично да ги прибавуваат.

Оваа иницијатива има за цел зголемување на институционалната ефикасност, поедноставување на процедурите и унапредување на пристапот на граѓаните до јавните услуги.

StrugaOnline

error: