Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал 2026: Традиција, маски и богата програма
Традиционалниот Вевчански карневал ќе се одржи од 12 до 14 јануари 2026 година со централно карневалско дефиле на 13 јануари од 13:00 часот.
За ова издание најавена е богата програма со музички настапи, вклучувајќи настапи на познати македонски уметници. На 12 јануари од 20 часот ќе се одржат концерти на популарна музика на кои ќе настапат рап дуото „Пука Козметика“, Влатко Лозаноски и бендот Брас Брадрс. На 13 јануари од 20 часот ќе следуваат концерти на фолк музика, со настапи Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски и оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“. Музичката програма ќе заврши на полноќ со настап на Перо Бели и групата „ВИП“ кои традиципнално ќе ги испратат карневалците на изворите.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, на прес конференција упати покана до граѓаните и посетителите да го посетат карневалот, истакнувајќи ја атмосферската и културната важност на овој настан.
Вевчанскиот карневал е една од најстарите живи карневалски манифестации во регионот со традиција долга повеќе од 1.400 години, каде карневалците носат маски и костими кои честопати имаат сатирични и културни пораки.
StrugaOnline

