Општина Струга со апел до граѓаните: Забрането испуштање отпадни води на јавни површини
Општина Струга ги информира граѓаните дека согласно Законот за јавна чистота строго е забрането испуштање на отпадни води и други течности од дворови и објекти на јавни површини и сообраќајници.
Како што се наведува во известувањето, согласно член 14, став 5 од Законот за јавна чистота, апелот е упатен до граѓаните кои во моментот испуштаат вода од своите објекти директно на улиците и коловозите. Поради ниските температури, ваквата појава доведува до замрзнување на водата, со што се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди и се загрозува безбедноста на пешаците и возачите.
Од Општината предупредуваат дека замрзнатите површини претставуваат сериозна опасност, особено во зимскиот период, и може да предизвикаат материјална штета и повреди.
Надлежните апелираат до сите жители да ги почитуваат законските одредби и со одговорно однесување да придонесат за зголемена безбедност, јавна чистота и уреденост во Општина Струга.
StrugaOnline

