Градоначалникот Ќура на средба со претставници на Чешката амбасада: Разговори за донација за медицинска опрема
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со претставници на Амбасадата на Република Чешка во Северна Македонија, на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете страни.
Во фокусот на средбата беше програмата за донации на Чешката амбасада, која предвидува финансиска поддршка до 10.000 евра, наменета за набавка на медицинска опрема. Целта на оваа иницијатива е унапредување на здравствените услуги и подобрување на условите за лекување на граѓаните во Општина Струга.
Од Општината истакнаа дека ваквите средби се од особена важност за локалниот развој и зајакнување на здравствениот систем, нагласувајќи ја подготвеноста за понатамошна соработка со меѓународните партнери.
Општина Струга, како што беше посочено, останува цврсто посветена на градење партнерства и развој на меѓународна соработка, со цел унапредување на квалитетот на живот и создавање подобри услови за сите граѓани.
StrugaOnline

