Лев банер Десен банер

Струга се подготвува за „Водици“, манифестацијата ќе почне во 11:00 часот

Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим, во понеделник, ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост.

Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во 8 часот, а поаѓањето кон Чаршискиот мост во 10 часот и 30 минути. Чинот на осветување на водите ќе го врши архијереј на Дебарско-кичевската епархија – архимандритот Георгиј (Ѓорѓевски).

Волонтерите на Црвениот крст – Струга и годинава ќе бидат дел од манифестацијата, од каде препорауваат капачите внимателно да пристапат кон капењето во студените води на реката Црн Дрим.

– И годинава ќе го покриеме настанот со спасители на вода. Препорачуваме граѓаните да бидат внимателни, да им се даде простор на капачите, безбедно да влезат во студените води, а капачите со добра здравствена состојба без претходно конзумирање алкохол да пристапат кон капењето, апелира Адуриме Даути секретар на струшкиот Црвен крст.

Празникот Богојавление Водици масовно се одбележува во Струга. Секоја година голем број верници скокаат по светиот крст во студените води на Црн Дрим, но голем е бројот и на оние што влегуваат во осветените води за здравје. Оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе има бериќетна година.

Минатата година Крстот го фати Томче Голабоски.

Strugaonline

error: