Во Подгорци традиционално се одбележа Свети Василиј – Василица
Во Подгорци, на петнаесет километри од Струга во подножјето на планината Јабланица на 900 м. надморска височина, селото „под гора“ деновиве живее во зимски идили. И ова година, како и многу други изминати на 13 и 14 јануари СВ.Василеј-Велики, или Стара Нова година се двата дена кога подгорчани и Подгорци го отсонуваат она за што сонувале цела година. На 13 јануари, првиот ден од празнувањето во вечерните часови најмладите деца го на најавуваат карневалот со посета на секое домаќинство, децата маскирани одат и пеат и ги канат домаќините во име на Василичарското друштво да земаат учество.
На 14 јануари во раните утрински часови, кога маскираните подгорчани-василичари, предводени од зетот и невестата, Климе Тасески и Цветко Наумоски, тргнуваат од црквата Св. Никола и се упатуваат на селската главна чешма Клајнец, за да се наполни вода за здравје, а потоа секоја домаќинка носи василичарка и ја става на чешмата, полни вода од селската чешма која претходнмо е осветена за домаќинките да месат Кашаник со паричка. Потоа дефилето почнува од најдолната куќа на селото, одејќи од мало до мало и од куќа до дуќа, честитајќи ја Новата година, со бакнување на рака на домаќинот од страна на невестата, а пак домаќинот ја дарува василичарската невеста со пари, а сите други василичари и присутни гости кои ја следат поворката ги почастува со топла ракија и мезе.
Се смета дека подгоречките василичари имаат традиција колку што е старо селото. Подгоречката порака на сите василичари е: „ЗА МНОГУ ГОДИНИ, В ГОДИНА ПОВЕСЕЛИ И ПОРАДОСНИ“.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline

