Лев банер Десен банер

Водици во Хотел Дишли & Спа – Радожда со ансамблот „Биљана“

Големиот христијански празник Водици, на 19 јануари 2026 година, ќе биде одбележан во свечена и топла атмосфера во Хотел Дишли & СПА, лоциран во живописната Радожда, Струга, покрај бреговите на Охридското Езеро.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во автентично празнично доживување со настап во живо на ансамблот „Биљана“, кој ќе изведува традиционална македонска музика и ќе придонесе за вистински празничен дух.

Настанот започнува во 12:00 часот, а за гостите е подготвена богата празнична трпеза, комфорен престој и можност за целосна релаксација во модерниот СПА центар на хотелот. Магичната глетка кон Охридското Езеро и пријатната атмосфера го прават овој настан идеален избор за прослава на Водици со семејството и пријателите.

Резервациите се во тек, а повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број 075 355 188.

StrugaOnline

error: