Од март нова авиолинија Охрид – Братислава преку „Визер“
Од март оваа година ќе започне со работа новата авиолинија на релација Охрид – Братислава, која ќе се реализира преку авиокомпанијата „Визер“. Новата линија се очекува значително да ја унапреди воздушната поврзаност меѓу Македонија и Република Словачка, како и да придонесе за развој на туризмот и бизнис секторот.
По тој повод беше остварена средба со Ивета Хрицова, новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, на која беше истакната важноста од воспоставувањето на директната авиолинија и можностите што таа ги отвора за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји.
Новата авиолинија се очекува да го зголеми бројот на туристи, да ја олесни деловната комуникација и да создаде нови можности за економска и културна размена, позиционирајќи го Охрид како атрактивна дестинација на европската туристичка мапа.
StrugaOnline

