ЈП Комунално Струга ги исчисти двете страни од кејот на Црн Дрим по повод Богојавление – Водици
ЈП Комунално Струга, по повод престојниот христијански празник Богојавление – Водици, спроведе акција за чистење на двете страни од кејот на реката Црн Дрим.
Со оваа активност се уреди и разубави каде што во понеделник ќе се изврши чинот на фрлање на светиот крст, со цел да се овозможи почиста и побезбедна средина за граѓаните и посетителите.
ЈП Комунално Струга и понатаму ќе продолжи со редовни активности за одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина.
StrugaOnline

