Лев банер Десен банер

Утре во Струга чествување по повод 164 години од смртта на браќата Миладиновци

На 21 јануари (среда), со почеток во 12 часот, пред Спомен домот на Браќа Миладиновци во Струга ќе се одржи свечено чествување по повод 164 години од смртта на Димитар и Константин Миладинови. Настанот е посветен на одбележување на животот и делото на истакнатите македонски преродбеници, кои оставија длабока трага во културно-историското наследство.

Организаторите упатуваат покана до сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и со свое присуство да им оддадат почит на браќата Миладиновци, чие творештво има непроценливо значење за македонската култура и идентитет.

StrugaOnline

error: