Четири лица со здравствени тегоби поради истекување на хлор во хотелски базен во Охрид
На 19 јануари 2026 година во 17:31 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор, проследен со зголемена пареа од базенот.
Според официјалните информации, по настанот четири лица добиле силна кашлица, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид. Тие биле задржани на опсервација, при што е констатирано дека се надвор од животна опасност.
Од преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека причината за настанот е технички проблем во системот за циркулација на водата во базенот. По ова, овластена фирма извршила замена на системот со цел отстранување на дефектот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

