Лев банер Десен банер

Кривична пријава на две лица од Делогожда за пустошење шуми во Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село Делогожда, А.И. (37) и А.И. (31), поради основано сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“, казниво по член 226 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, на 29 декември 2025 година, при редовна контрола во атарот на селото Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале осомничените при вршење неовластена сеча на дрва. Дел од исечената дрвна маса била веќе натоварена во патничко возило марка „Нисан Терано“.

Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција за понатамошна постапка, а осомничените веднаш биле лишени од слобода. По целосното документирање на случајот, против нив е поднесена соодветна кривична пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: