Кривична пријава за неовластено поседување дрога во Струга
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.С. (33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што информираат од полицијата, при контрола на патничко возило управувано од осомничениот, извршена на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
По целосното документирање на случајот, против Д.С. е поднесена соодветна кривична пријава, а пронајдената дрога е одземена за понатамошна постапка, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

