Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)
-4 Попова Шапка, -3 Kрушево, -2 Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци, 0 Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 07 часот (во cm)
33 Попова Шапка, 15 Маврови Анови, 13 Битола, 8 Ѓуриште, 7 Крушево, 5 Тетово, Штип, 2 Берово, Претор, Струмица, 1 Виница, Крива Паланка.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 часа(во л/м2)
14 Гевгелија, 8 Струмица, Ѓуриште, 7 Маврови Анови, 6 Битола, Берово, 4 Скопје – Петровец, Пожаране, Штип, Претор, Виница, 3 Тетово, 2 Крушево, Крива Паланка, 1 Велес, Охрид, Скопје – Зајчев Рид, Тополчани.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Претпладне ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

