Општина Струга со учество на EMITT Istanbul 2026 – покана до туристичкиот сектор
Општина Струга ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT Istanbul 2026, кој ќе се одржи во периодот од 5 до 7 февруари 2026 година во Истанбул. Овој реномиран саем претставува една од најголемите и најзначајни меѓународни туристички манифестации, нудејќи одлична можност за промоција на туристичките дестинации пред глобална публика.
Учество на EMITT Istanbul 2026 е значаен чекор кон унапредување на туристичкиот имиџ на Струга, отворање нови можности за соработка и воспоставување професионални контакти со тур-оператори, агенции и институции од целиот свет.
Во таа насока, Општина Струга ги поканува хотелиерите, туристичките оператори и сите чинители од туристичкиот сектор да се вклучат во заедничкиот настап на штандот на општината, во рамки на Министерството за култура и туризам. Учеството е можно преку директно присуство или со доставување промотивни материјали.
Присуството на саемот овозможува директна промоција на туристичките услуги и капацитети, а воедно придонесува и за зголемување на меѓународната видливост на Струга како автентична и атрактивна туристичка дестинација.
Рокот за доставување на промотивни материјали е до 30 јануари 2026 година, во канцелариите на Општина Струга – Одделение за туризам.
За повеќе информации и координација, заинтересираните можат да се обратат до:
Општина Струга – Одделение за туризам или на меил: info@struga.gov.mk
Со заеднички настап, Струга има можност достојно да ги претстави своите природни убавини, културно наследство и туристички потенцијали на една од најголемите светски туристички сцени – EMITT Istanbul 2026.
StrugaOnline

