Лев банер Десен банер

СВР Охрид со две кривични пријави за бесправно градење во Охрид и Љубаништа

СВР Охрид поднесе две кривични пријави за бесправно градење против лица од Охрид и Кавадарци, поради сомнение дека извршиле незаконски градежни активности на територија на општина Охрид.

Како што информираат од СВР Охрид, кривична пријава е поднесена против Е.А. (67) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Според пријавата, осомничениот на катастарска парцела во Охрид извршил доградба на постоечки објект без да поседува правосилно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид. По утврдените неправилности, надлежните институции донеле решение за отстранување на бесправно изградената доградба.

Втората кривична пријава е поднесена против Р.З. (70) од Кавадарци, исто така за кривично дело „бесправно градење“. Според полицијата, тој на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без соодветно и правосилно одобрение од надлежниот општински орган, изградил викенд куќа. И во овој случај, донесено е решение за отстранување на објектот.

Стефан Димоски од СВР Охрид најавува дека ќе продолжат со засилени контроли и постапки за откривање и санкционирање на бесправното градење, со цел заштита на просторот и почитување на законската регулатива.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: