Лев банер Десен банер

Ќура на работна средба со НДИ: Интегритет, транспарентност и отчетност како основа на локалната администрација

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ), на која се разговараше за унапредување на принципите на интегритет, транспарентност и отчетност во локалното управување.

На средбата присуствуваа Дејвид Сип, тим лидер на проектот на НДИ, и Лидија Зафировска, програмска директорка во Институтот. Во фокусот на разговорите беше значењето на овие принципи како основа за ефикасна, одговорна и професионална работа на локалната самоуправа, како и за градење доверба меѓу институциите и граѓаните.

Градоначалникот Ќура ја презентираше својата визија за општинска администрација со нулта толеранција на корупција, потенцирајќи дека личниот пример на раководните лица е клучен фактор во воспоставувањето и одржувањето високи етички стандарди. Тој нагласи дека транспарентноста и отчетноста не се само законска обврска, туку суштински вредности кои мора да бидат дел од секојдневното функционирање на институциите.

Од Општина Струга информираат дека соработката со релевантни национални и меѓународни организации, како што е Националниот демократски институт, ќе продолжи и во наредниот период, со цел континуирано унапредување на квалитетот на локалното управување и зајакнување на довербата на јавноста во институциите.

StrugaOnline

error: