Кадетките на ЖКК Струга 2009 со горчлив пораз – промашен шут за победа во последната секунда
Кадетската екипа на ЖКК Струга 2009 претрпе минимален пораз од екипата на ЖКК Вардар со 53:55 (08:17, 11:10, 12:18 и 22:10), во натпревар кој донесе голема драма и неизвесна завршница.
Стружанките имаа лошо отворање на натпреварот и до последната четвртина настапуваа без вистински ритам и самодоверба. Сепак, во завршните десет минути ЖКК Струга 2009 заигра многу поагресивно, го подигна нивото на игра и целосно се врати во натпреварот. За жал, во последната секунда Даути не успеа да го реализира шутот за победа, што значеше трет пораз сезонава во натпревар кој се решава во самата завршница.
Најефикасна кај стружанките беше Дукоска со 14 поени, додека Зиба и Даути постигнаа по 12. Таранеши додаде 9 поени, Милaдиноска 4, а Танаскоска Е. 2 поени. Кај гостинската екипа доминираше Трајковска со дури 30 поени, која претставуваше најголем проблем за домашната одбрана.
Вардар е актуелен шампион во оваа конкуренција, а дополнителен проблем за ЖКК Струга 2009 беше искуството на Трајковска, која е и сениорска репрезентативка. И покрај поразот, во редовите на стружанките владее оптимизам – тимот прикажува добра кошарка сезонава, а сè повеќе млади кошаркарки добиваат шанса и бележат видлив напредок.
Во ЖКК Струга 2009 се надеваат дека со малку повеќе среќа, ваквите натпревари во продолжението од првенството ќе завршуваат во нивна корист.
StrugaOnline

