Пожар во семејна куќа во Подгорци – нема повредени
На 26 јануари 2026 година, во 20:42 часот, во ОВР Струга е пријавен пожар во семејна куќа во струшкото село Подгорци, сопственост на И.А. (53), информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Според првичните информации, во пожарот нема повредени лица, но е причинета материјална штета на објектот. По пријавата, на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, која навремено го локализирала и целосно го изгаснала пожарот,.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

