Лев банер Десен банер

Билтен за Струга: Пронајдена марихуана, агресивно однесување, поседување и продавање дрога…

На 27.01.2026 година во 20:25 часот, на регионалниот пат Струга-Радожда, лишен од слобода е Н.М.(42) од струшкото село Заграчани, а на службен разговор е повикан Ш.К.(44) од селото Калишта. При извршена контрола во патничко моторно возило „хјундаи” со струшки регистарски ознаки, во кое тие се превезувале, полициските службеници го забележале Н.М. како исфрла марихуана. Истата е пронајдена и одземена и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.01.2026 година во 20 часот, на регионалниот пат Струга-Радожда, лишен од слобода е С.А.(28) од Струга, а на разговор е повикан П.Ш.(29) од селото Радожда. При извршена контрола во патничко моторно возило „фолксваген” со струшки регистарски ознаки, управувано од С.А., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.01.2026 година во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишија Ј.М.(41) од Струга, по претходна пријава дека во семејниот дом бил агресивен и физички нападнал член на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(35) од  струшкото село Велешта, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. Тој, на 28.11.2025 година, во близина на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, на Р.И. од Охрид, му продал две најлонски опаковки со наркотична дрога кокаин, по што се лишени од слобода.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.П.(45) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.  При контрола извршена во струшката населба „Плитишта”, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со опојна дрога кокаин, по што, тој беше лишен од слобода, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: