Лев банер Десен банер

Двајца државјани на Грузија приведени кај Струга поради илегален влез и престој

На 28 јануари 2026 година, во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда–Струга, полициски службеници лишиле од слобода две лица, Ј.К. (42) и П.Т. (41), двајцата државјани на Република Грузија, информираат надлежните органи.

По преземените мерки и активности, било утврдено дека лицата оствариле илегален влез и незаконски престој на територијата на Република Северна Македонија. Согласно член 159 и 165 од Законот за кривична постапка, тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно расчистување на настанот ќе бидат преземени соодветни законски мерки, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: