Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето, Мусети го предаде мечот
Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија Опен и покрај тоа што беше на чекор до елиминација во четвртфиналниот дуел против Лоренцо Мусети. Српскиот тенисер губеше со 0:2 во сетови (4:6, 3:6), но Италијанецот го предаде мечот поради повреда при водство на Ѓоковиќ од 3:1 во третиот сет.
Мусети одигра одлични први два сета и целосно го надигра фаворитот, но во третиот сет се соочи со проблеми со десната бутина, поради што беше принуден да се откаже од продолжување на натпреварот.
Со оваа победа, Ѓоковиќ го продолжува походот кон нова Гренд слем титула, а во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.
StrugaOnline

