Лев банер Десен банер

Во Струга одржана работилница за партиципативно мапирање на потребите и заканите за планината Јабланица

Денеска, во Салата на Советот на Општина Струга, се одржа работилницата на тема „Партиципативно мапирање на локалните потреби и знаења за заканите и предизвиците поврзани со природните ресурси и биодиверзитетот на планината Јабланица“.

Работилницата беше организирана од Општина Струга во соработка со Македонското еколошко друштво, со цел активно вклучување на локалната заедница во процесите поврзани со заштитата и одржливото управување со природните вредности на Јабланица.

Во настанот учествуваа претставници на локалното население, меѓу кои земјоделци, сточари, пчелари, туристички оператори, млади, жени, претставници на месни заедници, ловни друштва, невладини организации, како и претставници од релевантни институции. Преку интерактивни активности, учесниците активно придонесоа во идентификување и мапирање на значајните подрачја, природните ресурси, вредностите и екосистемските услуги што ги обезбедува планината Јабланица.

Посебен акцент беше ставен на препознавање на заканите и предизвиците врз природните ресурси и биодиверзитетот, како и на дефинирање на идните аспирации на локалната заедница. Собраните информации ќе послужат како важна основа за натамошниот процес за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје.

Од Општина Струга упатија благодарност до сите учесници за нивниот значаен придонес и активна вклученост, истакнувајќи дека ваквите активности се клучни за зачувување на природното наследство и обезбедување одржлив развој на регионот.

StrugaOnline

error: