Лев банер Десен банер

Успешно реализиран отворениот ден за џудо на Џудо клубот „Дрим“ од Струга

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, на 29 јануари 2026 година, Џудо клубот „Дрим“ – Струга успешно реализираше Отворен ден за џудо, наменет за учениците од одделенска настава и нивните родители.

Во пријатна и едукативна атмосфера, најмладите имаа можност одблиску да се запознаат со основните техники на џудото, како и со вредностите што овој спорт ги промовира – дисциплина, почит, самоконтрола и спортски дух. Настанот беше збогатен со интересни демонстрации, по што учениците активно се вклучија во вежбите, покажувајќи голем ентузијазам и љубопитност.

Родителите ја поздравија иницијативата, истакнувајќи дека ваквите активности имаат значајна улога во поттикнување на здрави животни навики и физичка активност кај децата уште од најрана возраст.

Организаторите потенцираа дека ваквите отворени денови се одлична можност за промоција на спортот меѓу младите, но и за зајакнување на соработката помеѓу спортските клубови, училиштата и локалната заедница.

Од училиштето упатија благодарност до Џудо клубот „Дрим“ – Струга, како и до сите учесници и поддржувачи, кои придонесоа за успешна и квалитетна реализација на овој спортско-едукативен настан.

StrugaOnline

error: