Три екипи, три победи: Одличен викенд за ЖКК Струга 2009
Женскиот кошаркарски клуб Струга 2009 продолжува со одличните настапи во Втората македонска лига, забележувајќи нова убедлива победа на гостински терен. Сениорките на Струга во саботата во Скопје беа далеку подобар противник од екипата на К.Б. Шкупи, совладувајќи ја со убедливи 29:73.
Стружанките уште од првата четвртина ја наметна својата игра и ритам, што јасно се одрази и на резултатот по периоди (08:17; 00:28; 10:24; 11:04). Најефикасна во редовите на ЖКК Струга 2009 беше Муртезаи со 20 поени, додека значаен придонес дадоа и Даути со 16, Зиба со 11 и Хиса со 10 поени. Кај домаќините, најдобра беше Рустеми со 15 поени.
Одличен настап имаа и кадетките на ЖКК Струга 2009, кои во Кавадарци остварија фуриозна победа против екипата на Спортисимо со резултат 16:87. Натпреварот целосно беше во знакот на стружанките, кои доминираа во сите четвртини (03:12; 01:25; 07:22; 05:28). Мијевска со 22 поени беше прво име на натпреварот, а ја следеа Мојсоска со 18 и Коцареска со 15 поени.
Со убедлива победа од Кавадарци се вратија и пионерките на ЖКК Струга 2009, кои ја совладаа екипата на Спортисимо со 25:61 (05:11; 10:20; 09:08; 01:22). Најефикасни беа Узуноска Т. и Ајдиноска Џ. со по 12 поени, додека Хаџиева постигна 10 поени.
Со овие резултати, ЖКК. Струга 2009 уште еднаш потврди дека клубот успешно работи на сите возрасни категории и најавува уште подобри настапи во продолжението на сезоната.

