Лев банер Десен банер

Утре во Струга Инфо ден за програмата Erasmus+ за основните и средните училишта

Општина Струга, преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, организира Инфо ден за програмата Erasmus+, наменет за основните и средните училишта на територијата на општината.

Настанот ќе се одржи утре, 3 февруари 2026 година (вторник) со почеток во 11:30 часот, во просториите на Europe House – Струга.

Целта на Инфо денот е зајакнување на капацитетите на образовните институции, нивно информирање и охрабрување за поактивно учество во програмата Erasmus+, како и подобро искористување на можностите што оваа европска програма ги нуди за учениците и наставниот кадар.

Преку презентации и практични информации, присутните ќе имаат можност да се запознаат со начините на аплицирање, придобивките од учеството и можностите за меѓународна соработка и размена на искуства во областа на образованието.

Од Општина Струга упатуваат покана до сите заинтересирани образовни институции да земат учество и да направат чекор поблиску до европското образование и современите образовни практики.

StrugaOnline

error: