Лев банер Десен банер

Општина Струга: Почетната цена на службеното возило „AUDI A6″ ќе ја утврди комисија за проценка

Минимизирањето на трошоците на градоначалникот и на општинската администрација е еден од клучните приоритети на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура. Од Општината информираат дека продажбата на службеното возило и донирањето на градоначалничката плата не биле изборни слогани, туку конкретни мерки кои се применуваат од првиот ден од мандатот.

Одлуката за продажба на службеното возило, како што се наведува, била првата одлука што градоначалникот Ќура јавно ја потпишал во присуство на медиумите. Истата, согласно законските процедури, била доставена до Советот на Општина Струга, кој дал одобрување за нејзина реализација.

Општина Струга нема намера да набави ново службено возило за градоначалникот. Во текот на целиот мандат, градоначалникот ќе користи сопствено приватно возило, при што сите трошоци поврзани со неговото користење ќе ги покрива лично.

Во наредниот период ќе биде формирана комисија за проценка на вредноста на возилото, по што истото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција. Почетната цена ќе ја утврди комисијата, со цел да се обезбеди фер и непристрасен процес.

Наместо луксузно службено возило, Општина Струга планира набавка на функционално комбе, кое ќе биде ставено во служба на општинската администрација, спортските клубови и потребите на градот.

Од Општината порачуваат дека со овие чекори се прави јасна разлика меѓу досегашната практика и новиот начин на управување, со порака: помалку луксуз за власта, повеќе услуга за граѓаните.

StrugaOnline

error: