Опера и театар вечерва на програмата на „Охридско лето“

- Локални
1018

Фестивалот Охридско лето, што годинава се одржува под мотото „Патот до Магијата“ вечерва на програмата нуди вистинско уживање и за љубителите на музичката уметност, но  од вечерва започнува и театарската програма.

Со почеток во 19 часот и 30 минути во Црквата Св Софија љубителите на операта ќе имаат можност да го проследат концертот на Дуња Симиќ, сопран од Босна и Херцеговина, во придружба на  Снежана Поповиќ Вулета, пијано (Босна и Херцеговина).

На програмата вечерва е и  театарска претстава „Жаби“ од Дубравко Михановиќ, во  режија на Елмир Јукиќ, а во  продукција на Камерни Театар 55, Босна и Херцеговина

Почетокот е закажан за  21:00 часот во предворјето на црква Св. Софија.

Извор: Strugaonline/Ohridskoleto.mk

Фото: Ohridskoleto.mk

 

Facebook Коментари