ОСБСП со апел до Охриѓани-патнички возила да се користат само ако е неопходно

- Локални
1323

 

Општинскиот совет за бесбедност на сообраќајот на патиштата- Охрид, излезе со соопштение и апел до Охриѓани дека поради туристичката сезона во Охрид има исклучително интензивна  сообраќајна фрекфенција, ОСБСП апелира до Охриѓани своите возила да ги користат само при исклучителна нужност. Во целост ви го пренесуваме соопштението:

Зголемениот број на туристи и зголемен број на патнички и други моторни возила во Охрид,  деновиве предизвикува исклучително интензивна  сообраќајна фрекфенција  посебно во централното градско подрачје. Поради тоа, до граѓаните-жители на Охрид, апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички автомобили. Како општински Совет за безбедност во сообраќајот, ги замолуваме нашите сограѓани, своите патнички моторни возила да ги користат при крајни и неодложни потреби и крајно рестриктивно да ги користат возилата, пред се во централното градско подрачје. Со тоа, најдиректно ќе го дадеме својот придонес кон намалување и елиминирање на сообраќајниот метеж во градот, ќе се избегнат застоите во одвивањето на сообраќајот и значително ќе им се помогне на полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во нивните напори за одржување на беспрекорен сообраќај во шпицот на овогодишната туристичка сезона.  Секако, на тој начин ќе ја манифестираме и нашата сообраќајна култура и совест со што, и на тој начин ќе им покажеме и добредојде на домашните и странските туристи кои деновиве се поинтензивно доаѓаат во нашата туристичка матропола.

Воедно, сите учесници во сообраќајот, ги повикуваме на внимателно, дисциплинирано, совесно и  одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, со што значително ќе ја подигнеме сообраќајната превенција и севкупната сообраќајна безбедност во Охрид.

На овај начин, сакаме да придонесеме и за  намалуваме на  ризиците во сообраќајот и на можностите за сообраќајни незгоди, да ја подигнеме сообраќајната култура и јавната свест кај сите категории учесници во сообраќајот..

Извор:  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид\ Strugaonline

 

Facebook Коментари