Лев банер Десен банер

Шесто издание на културната манифестација „На зајдисонце“ 2017 во Трпејца

Од 20 до 28 јули во Трпејца ќе се одржи шестото издание на  културната манифестација „На зајдисонце“ 2017.

Свеченото отворање е закажано за 20:30 часот, со изложбата насловена како „Допри ме како што ме допира сонцето“ на Наташа Попоска – Карче, по што ќе следи музички перформанс на Горан Папаз.

Во склоп на програмата предвидено е свои концерти да одржат КУД „Гердан“, ансамблот „Билјана“ и градскиот хор „Вокс Лихнидос“, а предвидена е и вечер со актерката Марија Новак.

Посетителите на манифестацијата ќе имаат можност да ги проследат проекциите: „Чиста вода“ на Мунлајт Продукција и Делегеација на ЕУ во Македонија, по сценарио на Јана Коцевска, во режија на Димитар Сеизов и „Танцот на пастрмките“ на нуркачкиот центар „Амфора“, по сценарио и режија на Милутин Секулоски, а предвидена е и презентација НП „Галичица“ – Охрид насловена „Галичица на дофат“.

Предавање на тема„Зависностите на модерното време“  ќе одржат претставници од НВО „Опција“ – Охрид.

Во текот на деветте дена ќе се одржат и традиционалните школи за пливање, шах и англиски јазик, а ќе биде одржана и кајакарската регата „Номче Митрески“.

На последниот ден од манифестацијата (28-ми јули)  ќе се реализира заеднички излет на домаќините и гостите „По патеката Чоколско“.

Организатор на манифестацијата „На зајдисонце“ е Здружението за развој и промоција „За Трпејца со Љубов“ од Охрид. Оваа манифестација секоја година се одржува во овој период од месец јули и негува посебна  традиција

Извор: Strugaonline

Фото: „На зајдисонце“

error: