Вечерва на „Охридско лето“ концерт ќе одржи ЗЏМ „Биг бенд“ од Македонија

- Локални
1023

57-то издание на фестивалот Охридско лето продолжува со богатата програма предвидена за оваа година. Вечерва со поечеток во 20 часот и 30 минути на сцената на Долни Сарај концерт ќе одржи Здружение на Џез Музичари „Биг Бенд“ под диригентската палка на маестро Емин Џијан.

Здружението е основано со цел да ги обедини џез музичарите и слободни уметници и да отвори нова платформа за креативно изразување.  Биг Бендoт, кој постои во склоп на здружението   го сочинуваат членови на Здружението, но често соработува и со уметници од странство. На програмата на Бендот најчесто се композиции создадени  од страна на македонски џез-композитори на помладите генерации, како и дела кои се направени од страна на големите гиганти и основачите на Македонската џез-музиката.

Извор: Strugaonline

Фото: Ohridskoleto.com.mk

Facebook Коментари