Започнуваат со работа заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за Внатрешни работи на Република Македонија и Република Албанија. Патролите ќе бидат составени од полициски службеници од полициската станица во Струга , како и полициски службеници од полициските станици од Поградец и Тирана.
Ваквите патроли се формираат со цел да се изгради соработка на колегите од Македонија и Албанија, но и да се оствари главниот приоритет – а тоа е безбедноста на граѓаните и зачувување на јавниот ред и мир.
Оваа летна туристичка сезона предвидено е , мешаните полициски патроли да вршат превентивни патролни дејствија во Струга и Саранда.
Facebook Коментари