Почина Честер Бенингтон , пејачот на групата Линкинг Парк – се самоубил во својот дом

- Хроника
1144

Пејачот на светски познатиот бенд  Линкинг Парк,Честер Бенингтон, се самоубил вечерва на 41 година, информираа американските медиуми.

Според полицијата, пејачот бил пронајден во неговиот дом во Палос Вердерс во Лос Анџелес во 9 часот по локално време, а самоубиството го извршил со бесење додека бил сам дома.

Зад себе остави шест деца од два брака, а во јавноста е познато неговото тешко минато, пред се тоа што за жал во детството бил жртва на сексуално злоставување од повозрасен човек, а во јавноста беше познато дека боледува и од депресија.

Честер Бенингтон ќе остане значајно име во областа на музиката и ќе биде запаметен како идол на многу генерации.

 

Facebook Коментари