Изложба на Драган Стефаноски во Струга

- Локални
1637
Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци”- Струга, во  недела ( 23.07.2017)  со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи втората изложба  ,,По трагите на светлината 2″ од Драган Стефаноски.
Драган Стефаноски како многу  Стружани и тој од рано детство  бил
љубител на фотографијата. Од 1980 натаму активно творел и изработувал  аматерски филмови со секојдневни убави мигови од Струга ,Охрид  и од други околни места. Со презентирање на фотографија започнал активно од 2010 година .
  Ги повикува сите љубители на фотографијата да се вклучат во популаризацијата  на нашиот  град Струга и цела Македонија воопшто.
Извор:  Strugaonline

Facebook Коментари